Свет 25. јули 2019. / 20:49

Научно истражување: Глобалното затоплување предизвикано од човекот е причина за промените кои досега не се видени

Научно истражување: Глобалното затоплување предизвикано од човекот е причина за промените кои досега не се видени

Научниците тврдат дека брзината и обемот на глобалното затоплување во денешнината е нешто што не е забележано во последните 2 000 години.

Во исто време, тие велат дека познатите историски настани, како што се “малото ледено време”, не може да се споредат со нивото на глобалното затоплување што почна од минатиот век.

Истражувањето покажува дека сегашното ниво на затоплување е повисоко од било кое претходно забележано во историјата.

Истражувачите ја поделиле историјата на климата на светот во последните неколку векови во неколку големи ери во “топол римскиот период”, кој траел од 250 до 400 година од нашата ера, кога времето низ Европа било невообичаено топло, на “малото ледена доба” и намалување на температурата од 14 век наваму.

Некои од овие настани беа сметани како доказ дека светот се загрева и лади во текот на неколку векови, и дека затоплувањето во време на индустриската револуција е само дел од тој процес и не е причина за загриженост.

Новите истражувања сериозно ја разнишаа валидноста на оваа теза.

Научните тимови ги реконструираа климатските услови од последните 2000 години користејќи индикатори за климатски промени како годови на дрвјата, корали и езерски седимент. Тие дошле до заклучок дека ниту една од горенаведените појави не се случила на глобално ниво.

Научниците исто така, тврдат дека “малото ледено доба” е најинтензивно во Тихиот Океан во 15 век и во Европа во 17 век.

Раните периоди на високи или опаѓачки температури никогаш не влијаеле повеќе од половина од Земјината топка во исто време.

“Топол средновековен период”, кој траел од 950 до 1250 година, не влијаел на повеќе од 40% од површината на Земјата.

Денешното затоплување е присутно на огромни простори на нашата планета.

Ова обезбедува конкретни докази дека глобалното затоплување предизвикано од човековата активност е причина за промени кои никогаш не биле видени, не само во зголемувањето на температурите, туку и во неговото просторно распоредување во однос на изминатите 2000 години – се наведува во извештајот.

Научниците тврдат дека во време пред современата индустриска ера главната причина за затоплување биле вулканите и дека немало никакви докази за влијанието на сончевото зрачење врз температурите на Земјата.

Во моментов, овој период ја надминува природната варијабилност, тврдат научниците.

Од инструментални податоци, како и реконструкција, гледаме дека нивото на затоплување го надминува истото време со природни фактори – вели д-р Рафаел Неук од Универзитетот во Берн.

Иако целта на истражувањето не беше да докаже дека главната причина за денешното затоплување е човечка активност, нејзините автори несомнено покажуваат дека тоа е случајот.

Ова истражување на крајот треба да ги убеди сите одговорни за глобалното затоплување дека она на што сме сведоци во последно време не може да се смета за дел од природниот климатски циклус – вели проф. Марк Маслин од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Истражувањето беше објавено во списанието за природа и наука „Геосајнс“.