Научници од Јужна Кореја изолирале 38 антитела кои можат да го неутрализираат корона вирусот.
Како што соопшти Центарот за контрола и превенција на болести при Министерството за здравство на оваа земја, позитивните својства на овие антитела можат да се користат за лекување на заразените со Ковид-19.
Истражувањето е спроведено во лабораториите на Националниот институт за здравство и фармацевтската компанија „Целтрион“. Во текот на истражувањето на крв земена од пациенти позитивни на корона вирус извлечени се антитела што може да се користат за лекување на заразените, атоа што тие се способни да го неутрализираат опасниот вирус.
Сите примени примероци имаат силни, неутрализирачки својства на коронавирусот“, велат од Центрите за контрола и превенција на болести.
Во блиска иднина ќе се спроведат серија темелни тестирања, вклучително и врз лабораториски животни, за да се потврди позитивниот ефект на откриените антитела.