Свет 21. јануари 2020. / 13:45

Научници од Велс откриле дека во човековото тело може да има лек за рак

Научници од Велс откриле дека во човековото тело може да има лек за рак

Тим научници од Универзитетот во Кардиф во Велс, откриле начин за уништување на ракот на простатата, на градите, белите дробови и на други органи. Откритието е објавено во списанието „Нејчр имунолоџи“.

Наодите сè уште не се тестирани на пациенти, но се нагласува дека откритието има огромен потенцијал, иако е во рана фаза од истражувањето.

Како што изјави д-р Гери Далтон, научниците дојдоа до сознанија дека Т-клетките во крвта, веројатно се природна заштита и од појава на рак и тумори.

– Овде имаме шанса секој пациент да биде излечен. До скоро се веруваше дека тоа е невозможно. Овие наоди ги зголемуваат можностите за лекување на рак, оти Т-клетката е способна да уништи различни видови рак кај луѓето – истакна истражувачот Ендрју Суел.

Засега, истражувањето е тестирано само на животни во лабораториски услови, а пред да прејдат на луѓето, на научниците би им биле потребни уште одреден број безбедносни проверки.