Свет 16. април 2020. / 11:37

Научници од Харвард велат дека остра болка во тестисите е можен знак за корона вирус

Научници од Харвард велат дека остра болка во тестисите е можен знак за корона вирус

Научници од медицинскиот факултет при универзитетот Харвард предупредуваат на симптом кој се појавил кај маж заразени од корона вирус.

Тие споделиле извештај за случајот на 42-годишниот маж кој што бил позитивен на вирусот, откако во болница дошол со „остра болка во тестисите“.

Вирусот „SARS-CoV-2“ сè уште не е доволно истражен, а освен главните симптоми, за оние споредните дознаваме речиси секој ден како што инфекцијата сѐ повеќе се шири низ светот. Затоа многу сериозно сме насочени кон детално истражување на појавата – соопштија од Универзитетот.

Иако во овој дел на телото докторите не пронашле ништо невообичаено, ЦТ скенерот покажал оштетување на белите дробови. За жал, поради нетипичниот симптом, неколку други пациенти и лекари несвесно биле изложени на опасниот вирус.

Иако останува нејасно, дали неговата болка во тестисите е поврзана со вирусот или, пак, не, познато е дека другите респираторни вируси можат да влијаат на тестисите.

Доктор Винеј од Бирмингем во разговор за „Дејли мејл“ истакнал дека постојат одредени вируси кои што можат да влијаат на тестисите.

Само времето може да покаже дали Ковид-19 предизвикува болка во тестисите. Пациентите со кои што јас сум работел го немаа тој симптом, а многу е возможно да не го пријавиле затоа што тоа во моментот не им била најголемата грижа – објаснува доктор Винеј.