Свет 13. април 2020. / 13:19

Научници ја поврзуваат појавата на корона вирусот со експлоатацијата на природата

Научници ја поврзуваат појавата на корона вирусот со експлоатацијата на природата

Научници располагаат со нови докази за поврзаноста на експлоатацијата на природата и пандемијата на корона вирусот. Тие заклучиле дека поради блиските котакти со дивите животни преку лов, трговија или уништување на природните живеалишта, светот се соочува со зголемен ризик од избивање на епидемии на нови болести.

Се верува дека епидемијата на корона вирусот почнала од лилјаците, но  и останати диви животни имаат улога во пренесување на вирусот на човекот. Се претпоставува дека животното кое е заразено од лилјак, можеби мравојадот, го инфицирало и првиот човек, а постојат и силни индиции според кои, на изворот на заразата влијаела токму трговијата со диви животни, пишува „ББЦ“.

Последната студија упатува на тоа дека научниците пронашле научни трудови со податоци за болести кои преминале од животни на луѓе, а потоа ги комбинирале со информации за ризикот од изумирање, кои ги собрала Меѓународната унија за зачувување на природата и природните ресурси.

Откриено е дека дивите животни на кои им се заканува изумирање поради човечката експлоатација носат двојно повеќе вируси кои можат да предизвикаат болест меѓу луѓето во однос на видот кои се загрозени од други причини. Ист е случајот со загрозените видови кои се во опасност поради загубата на природните живеалишта.

– Како што се смалуваат природните живеалишта, дивите животни доаѓаат во поблизок контакт со луѓето – вели за ББЦ д-р Кристина Џонсон од калифорнискиот универзитет во Давос.

Едновремено дивите животни го менуваат начинот на пренесување на болестите за да се прилагодат на антропогените активности и промени во природата. Тоа ја забрзува појавата на болести од дивината, што нѐ доведува во опасност од пандемија бидејќи сите сме глобално поврзани преку патувања и трговија.

Д-р Џонсон вели дека според бројноста, малку диви животни се на работ на изумирање и дека тие претставуваат мал ризик за пренос на инфективни болести, освен во случај кога човековата експлоатација и исчезнувањето на природните живеалишта ги приморуваат на близок контак со луѓето.

– Експлоатацијата на дивите животни преку лов и трговија, која влијаела на намалување на некогаш бројните диви животни, го загрозила опстанокот на видовите и резултирала со опасноста од појава на инфективните болести меѓу луѓето – вели таа.

Научниците одамна обрнуваат внимание на сузбивањето на трговијата со диви животни за да се намали ризикот по човековото здравје. Д-р Џонсон предупредува дека продажбата на диви животни на преполните пазари, каде е зголемен контактот на луѓето и животните, го зголемува ризикот за пренесување на болести од еден на друг вид, до што во вообичаени околности во природата никогаш не би дошло.

Појавата на болести до кои доаѓа било каде во светот може да влијае на сите нас и би морале да поведеме сметка за тоа какво е нашето влијание кога сме во контакт со дивите животни. Истовремено мора да свтиме дека појавата на новите болести е прашање на животната средина и дека секако треба да најдеме одржлив начин на коегзистенција – смета Џонсон.

Резултатите на истражувањето објавени се во списанието „Royal Society Proceedings B“.