Според првичните информации, напаѓачот на воено-воздухопловната базата Корпус Кристи во Тексас е 20-годишниот Аџами Алим Алсахли, американски државјанин роден во Сирија, соопштија од Федералното истражно биро (ФБИ).
Според тоа што е извесно од истрагата, Алсахли вчера наутро се обидел со автомобил да јурне на територијата на базата, но движењето на автомобилот било запрено од заштитната бариера. Осомничениот отворил оган и ранил еден војник, по што бил убиен од возвратен оган.
Истражителите од ФБИ го окарактеризираа злосторничкото дело како чин „поврзан со тероризам“. Преставник на бирото соопшти дека истрагата трага по лице кое можеби е поврзано со нападот.