Свет 12. февруари 2019. / 16:11

Наследничката на Меркел: Можно е и да ги затвориме границите за мигрантите

Наследничката на Меркел: Можно е и да ги затвориме границите за мигрантите

Новата претседателка на Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер, во случај на нов бран бегалци не би постапила како својата претходничка Ангела Меркел, туку како последно решение би ги затворила границите, објави денеска германскиот јавен радиодифузен сервис АРД.

Последно средство, во случај другите механизми да потфрлат, се разбира, е затворањето на границите. Ние од минатата година, кога канцеларката постигна договор со европските партнери, имаме поинаква ситуација, рече Крамп-Каренбауер зборувајќи за договорот на Ангела Меркел со ЕУ за можноста за враќање на бегалците од германската граница врз основа на даблинскиот договор, според кој бегалците се одговорност на земјата членка на ЕУ од која мигрантот првпат влегол во Унијата.

Раководството на ЦДУ во неделата вечерта разговараше за контроверзните бегалски политики на Ангела Меркел, која кон крајот на летото во 2015 година ги отвори границите и во земјата пушти повеќе од еден милион бегалци, главно од Сирија, пренесува агенцијата „Хина“.

Крамп-Каренбауер рече дека темата за бегалската политика на ЦДУ е траума за која мора да се разговара.