Европската Унија брои 513,5 милиони жители според податоците на Евростат од 1 јануари 2019 година, што претставува зголемување од 1,1 милион во однос на претходната година.
Во текот на 2018 година се регистрирани повеќе починати лица отколку родени, што значи дека природната варијација на населението во ЕУ била негативна втора година по ред, додека пак позитивна демографска варијација од 1,1 милион се должи на миграцијата, соопшти Европскиот институт за статистика.
Германија останува најнаселената земја во ЕУ со 83 милиони жители или 16,2 отсто од вкупното население на ЕУ, следат Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија и Полска.