Свет 03. јануари 2019. / 17:19

Напиша дека на Евреите ќе им препишува погрешни лекови и заработи отказ

Напиша дека на Евреите ќе им препишува погрешни лекови и заработи отказ

Млада докторка доби отказ , откако на социјалните мрежи објави антисемитистички постови , во кои тврди дека е подготвена на Евреите да им препишува погрешни лекови.

Клиниката во Кливленд , Охајо , на докторката Лара Колаб и даде отказ поради коментарите на социјалните мрежи. 27- годишната докторка , која на клиниката работела како стажантка , и претходно објавувала слични пораки.

Таа ги споредувала Евреите со кучиња и ги нарекувала со погрдни имиња , кои ги користат Палестинците. Откако биле откриени нејзините пораки , таа ги затовриле профилите на Фејсбук , Твитер и Линкдин.

Американската јавност е згрозена од објавите на младата докторка, особено нејзината намера да ги труе Евреите со погрешни лекарства.