Свет 18. март 2019. / 11:07

Напаѓачот од Нов Зеланд одбива адвокат – сам ќе се застапува

Напаѓачот од Нов Зеланд одбива адвокат – сам ќе се застапува

28 годишниот Австралиец Брентон Тарант кој е обвинет за нападите врз две џамии во Нов Зеланд при што загинаа 50 луѓе, додека 40 други се ранети не го прифаќа адвокатот што му го додели судот.

Тарант изјавил дека сам ќе се застапува.

Тој е разумен и не личи на некој кој страда од ментална попреченост. Се чини дека разбира што се случува, изјави Ричард Питерс кој го претставуваше Тарант за време на неговото прво појавување пред судот.