Свет 28. април 2018. / 09:24

Напаѓач со нож уби седум средношколци во Кина

Маж вооружен со нож денеска во северна Кина уби седум ученици од средно училиште и повреди 12, соопштија локалните власти.

Мажот е уапсен, а повредените ученици добиле медицинска помош, наведува одделот за пропаганда во округот Мижи во привинцијата Шанси, без да даде други детали. Децата биле нападнати надвор од училиштето, јави ДПА.