Свет 06. август 2020. / 12:11

Нападната американска воена база во Сирија!

Нападната американска воена база во Сирија!
Илустрација

Американска воена база во провинцијата Хасеке на североистокот на Сирија била мета на ракетен напад, јавува сирискиот весник Ватан.

Според весникот, базата која се наоѓа во градот Шадади ја нападнале непознати лица, пренесува Спутник.

Во последните месеци редовно се појавуваат соопштенија за напади на непознати групи врз американските војници во сириските провинции Хасеке и Деир ез Зор. Пентагон ги негира овие тврдења.

Од 2011 година во Сирија се води граѓанска војна. Формирани се зони на деескалација: една од нив е Идлиб, во која влегува и дел од провинцијата Хама, другата е северно од градот Хомс, а третата во областа на Источна Гута во предградијата на Дамаск и четвртата во провинцијата Дера на границата на Сирија со Јордан.