Хроника,Свет 19. мај 2018. / 18:34

Напад врз црква во Грозни

Напад врз црква во Грозни

Еден верник е убиен, а еден е повреден при напад од страна на екстремисти врз православна црква во центарот на главниот град на Чеченија, Грозни.

Претседателот на Чеченија, каде мнозинството население е муслиманско, Рамзан Кадиров соопшти дека четворица екстремисти, кои се обиделе да земат за заложници верници во црквата „Архангел Михаил“, се ликвидирани во жестока специјална операција и оти еден полицаец починал од повредите кои ги добил во престрелката.

– Има оперативни информации дека напаѓачите добиле наредба од една од западните земји, додаде Кадиров.

Според него, тој веднаш пристигнал на лице мето и ја контролирал операцијата, која траела само неколку минути.

Властите преземаат мерки за утврдување на идентитетот на ликвидираните екстремисти, инфомира Кадиров.