Свет 16. јануари 2019. / 11:51

Напад во Бруклин: Маж со чекан уби готвач и повреди две лица

Напад во Бруклин: Маж со чекан уби готвач и повреди две лица

Маж со чекан синоќа влегол во ресторан во Бруклин и нападнал тројца вработени, претепувајќи го до смрт готвачот и нанесувајќи им сериозни повреди на уште две лица, соопшти полицијата во САД.

Не се јасни мотивите зошто беше 34-годишниот маж влегол во ресторанот во близина на пристаништето во 5 часот попладне, и ги нападнал вработените во објектот.

Повредените се однесени во болница, каде што била починал 34-годишниот кувар Фуфаи Пан.
Во критична состоба се другите двајца повредени, од едниот е 60-годишниот сопственик на ресторанот и 50-годишниот менаџер на објектот.

Детективот Џорџ Цуровакис рече дека напаѓачот бил уапсен во близина на местото на убиството. Пронајден е и чеканот со којшто бил извршен нападот.