Свет 16. февруари 2021. / 11:02

Наместо вакцини против Ковид-19, Кинез извезувал солена вода во странство – се уште нема информации каде

Наместо вакцини против Ковид-19, Кинез извезувал солена вода во странство – се уште нема информации каде

Кинеските власти го уапсија лидерот на групата која продавала сол и минерална вода како вакцина против коронавирус, пренесува Би-Би-Си.

Човекот, идентификуван како Конг, прво детално истражувал како изгледа вистинското пакување на вакцината, а потоа направил повеќе од 58.000 лажни шишиња.

Серија од овие лажни вакцини се шверцувани и во странство, но не е познато каде завршиле.

Конг е еден од 70-те лица уапсени во Кина за слични злосторства. Апсењето уследи откако властите во Пекинг соопштија дека ќе застанат на патот за продажба на лажни вакцини.

Иако повеќето лажни вакцини се појавија на пазарот минатата година, повеќето детали за овие измами беа објавени само овој месец.

Конг и неговиот тим се обвинети за измама заработиле околу 18 милиони јуани (околу 2,8 милиони евра).

Се верува дека тие продавале фалсификувани вакцини од август минатата година.

Пакет од околу 600 дози вакцини бил испратен во Хонг Конг во ноември минатата година, а потоа бил прошверцуван во странство.