Франција денес забележа 3.063 нови случаи на коронавирус, што е значително намалување во споредба со неделата, кога биле заразени 11.533 лица, објави Министерството за здравство на оваа земја.
Бројот на луѓе кои починале од Ковид-19 денес е 371, со што го зголеми бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на 58.282, објави Ројтерс.
Франција сега има 2.379.915 пациенти со коронавирус и е петта земја во светот според бројот на заразени.