Свет 11. март 2020. / 12:44

Намален бројот на заразени од коронавирус во Ломбардија

Намален бројот на заразени од коронавирус во Ломбардија

Добри вести од европскиот епицентар на коронавирусот, северниот италијански регион Ломбардија, пренесува „Јутарњи лист“.

Во општината Лодиџијано денеска првпат откако се појави епидемијата на коронавирусот, е забележан пад на бројот на заразените, што им даде поттик на гувернерите на погодените региони да побараат поригорозни мерки на заштита: затворање на сите продавници, освен оние со храна и аптеки, но и прекин на јавниот превоз.

Петнаесет дена на потполна изолација ќе доведе со намалување на бројот на заболени, го потврди и гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана кој изјави дека во борбата со коронавирусот драстично ќе се намалат социјалните контакти. Затоа заедно со уште 12 градоначалници од регионот ќе предложат на Владата поостри мерки.