Во Италија, во последните 24 часа од коронавирус починаа 361 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Тоа е пад во однос на претходните денови кога смртните случаи достигнуваа и до 483, пренесе Ројтерс.
Од коронавирусот во Италија досега починаа 78.755 лица.
Во изминатото деноноќие од Ковид-19 во Италија заразени се 18.627, што исто така е пад во бројката од претходните денови кога изнесуваше 19.978.
Вкупно во Италија заразени се 2.276.000 луѓе.
Бројоте на пациенти во болнците е зголемен во однос на претходниот ден за 167 и изнесува 23.427.
На одделенијата за интензивна нега се лекуваат 2.615.