Свет 18. мај 2020. / 14:56

Најтешките пациенти заболени со Ковид-19 во Европа ќе се лекуваат со американски лек

Најтешките пациенти заболени со Ковид-19 во Европа ќе се лекуваат со американски лек

Директорот на Агенцијата за лекови на ЕУ Гуидо Раси најави издавање дозвола за употреба на лекот „Ремдесивир“ во третманот на коронавирусот.

Станува збор за продукт на американската фармацевтска компанија „Гилеад“, што според првичните истражувања го намалува времето на хоспитализација во случај на инфекција со новиот коронавирус за 31 процент во однос на плацебо.

– Можно е во следните денови да се издаде условна лиценца за лекот , изјави Раси пред Европскиот парламент.

Европската агенција за лекови го препорача лекот „Ремдесивир“ во третманот на коронавирусот за најтешките случаи на инфекција и пред да издаде официјално овластување за употреба.

САД издадоа дозвола за итна употреба за лекот во своите болници на први мај, а клиничките истражувања за овој лек треба да бидат готови до крајот на месецот.