Свет 21. мај 2018. / 20:46

Најтажната глетка на кралската венчавка

Најтажната глетка на кралската венчавка

Светската јавност сеуште ги сумира впечатоците од кралската свадба на Меган и Хари која се случи во саботата, но најмногу од се беше коментиран овој тажен дел од свадбата.

Имено Меган е првата кралска невеста во историјата која сама влезе во црквата.

Поради отсуство на нејзиниот татко, Меган мораше сама да оди до половина пат до олтарот, а потоа и се придружи принцот Чарлс кој ја испрати до олтарот каде ја чекше принцот Хари.

Нејзиниот татко не беше присутен на свадбата поради бројните скандали кои претходно ги имаше, но и поради здравствени проблеми, а првичната желба на Меган да ја испрати нејзината мајка до олтарот, беше одбиена од страна на кралското семејство.