Саудиската државна нафтена компанија „Арамко“ го потврди излегувањето на берзата во Ријад со што би можело да биде најголемата почетна јавна понуда во светот.
Станува збор за најпрофитабилната нафтена компанија во светот чија вредност е проценета на милјарда и 200 милиони долари.
Компанијата постои од 1933 година, а помеѓу 1973 и 1980 година властите на Саудиска Арабија ја откупија целата компанија.
Саудиска Арабија е на второ место во светот, после Венецуела, по резерви на нафта и втор светски произвоител по САД.