Свет 19. јуни 2020. / 14:53

Најнови сознанија: Корона вирусот бил присутен во Италија уште во декември

Најнови сознанија: Корона вирусот бил присутен во Италија уште во декември

Корона бирусот бил присутен во Италија уште во текот на декемвир минатата година. Првите позитивни тестови, пак, беа објавени цели два месеци подоцна.

Италијанскиот здравствен институт објави дека анализирал проби од отпадните води за присуство на вирусот во неколку градови. Анализите покажале дека во Торино и во Милано, двата северни града, што ја движат италијанската економија напред, корона вирусот бил присутен уште во средината на декември.

Здравтсвениот експерт Џузепина Ла Роса и нејзиниот тим анализирале 40 примероци од октомври до февруари годинава. Првиот официјално објавен случај во Италија датира од средината на февруари годинава. Меѓутоа, во Милано и Торина уште во средината на декември вирусот бил присутен. Примероците од 18 декември од двата града дале позитивни резултати. Италијанските медиуми исто така објавија дека и во примероците од Болоња од јануриа крона вирусот бил присутен.

Од друга страна, примероците од октомври биле негативни, што значи Ковид-19 вирусот во Италија почнал да се шири од средината на декември. Резултатите се веродостојни, зашто биле потврдени од неколку лаборатории, а исто така биле користени и различни методи за откривање на вирусот.