Најновата мутација на коронавирусот во Англија е „безначајна и не влијае на ефикасноста на вакцината”, рече денеска Мелита Вујиновиќ, претставничка на СЗО во Русија.
„До денеска, мутациите на Ковид-19 во главно беа безначајни и досегашните промени не влијаат на дијагностичките алатки, медицинската подготовка и вакцините кои се развиени”, рекла таа за “Tass”.
Според нејзиното мислење, СЗО препорачува да се продолжи по старо, а тоа е со следење на контакти, држење на социјална дистанца, миење раце и носење маски.
„СЗО им препорачува на сите земји да разменуваат информации, за да се откриваат мутации кои може да предизвикаат загриженост”, рекла Вујиновиќ.
Министерот за здравство во Велика Британија, Мет Хенкок, на 14-ти декември рекол дека британските научници откриле нов, позаразен сој на Ковид-19, поради кој има повеќе заразени на југоистокот на Англија, но пет дена подоцна премиерот Џонсон рекол дека новиот тип би можел да биде 70 проценти позаразен од претходните.