Свет 19. март 2020. / 21:05

Најнова состојба со Ковид-19 во светот, заразени 239.837 луѓе

Најнова состојба со Ковид-19 во светот, заразени 239.837 луѓе

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 239.837 луѓе заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 9.953, а оздравеле 86.681 лица.

– Вкупно 5.322 нови заразени случаи и 427 нови смртни случаи во Италија. Вкупниот биланс на починати во Италија достигна 3.405 и го надминува кинескиот, станувајќи земја со најголем број смртни случаи од корона вирус во светот.

– НАТО најави прекин на сите мисии во Европа, со цел да помогне во спречување на ширењето на Ковид-19.

– Во Велика Британија бројот на починати од корона вирусот се зголеми на 137 лица.

– Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс, кој беше задолжен за борбата против корона вирусот, поднесе оставка.

– Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека секојдневно на корона вирус се тестираат десетици илјади Американци.

– Бројот на заразени случаи во Шведска се зголеми на 1.439 лица.

– Двајца претставници во американскиот Конгрес се заразени со коронавирус и се наоѓаат во самоизолација, објавија западните медиуми.

– Во Јужна Кореја се регистрирани нови 152 случаја на заразени, чиј вкупен број достигна 8.565 лица. Во претходните четири дена бројот на новозаразени дневно се зголемувал за помалку од 100 лица.