Свет 15. март 2020. / 20:33

Најнова состојба со корона вирусот во светот

Најнова состојба со корона вирусот во светот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 167.751 луѓе заразени со корона вирус. Од нив починати се 6.456, а оздравени се 76.598.

– Во Италија за 24 часа починаа дури 368 луѓе од корона вирус, со што вкупниот број на жртви достигна 1.809, соопшти италијанската Агенција за цивилна заштита. Од вчера се регистрирани нови 3.590 заразени случаи, чиј број се зголеми на 24.747.

– Во Србија дозна попладнево се потврдени уште два случаја на корона вирус, со што вкупниот број на заразени достигна 48, соопшти српското Министерство за здравство.

– Германија ги затвори границите и со земјите од Бенелукс.

– Ирската Влада донесе одлука за затворање на ноќните клубови и кафулињата до 29 март.

– Владата на Кенија воведе забрана за патувања откако се потврдени уште два нови случаја на корона вирус.

– Италијанскиот архитект Виторио Греготи, познат по проектот на Олимпискиот стадион во Барселона во 1992 година, почина на 92-годишна возраст од корона вирусот.

– Холандија од утре ги затвора сите училишта во земјата до 6 април поради опасност од ширењето на Ковид-19.

– Крузер на британската компанија „Fred Olsen Cruise Lines“, „MS Braemar“ со петмина заразени со Ковид-19 и 600 патници се движи на отворено море и бара место да се закотви, откако бил одбиен од неколку карипски пристаништа. Бродот моментно се наоѓа на околу 25 километри од Бахамите и чека дозвола од локалните власти да му достават храна, гориво и лекови.

– Данската држава ќе им плати 75 отсто од платите на работниците поради корона вирусот, но под неколку услови.

– Уште 14 луѓе починаа од корона вирус во Велика Британија во последните 24 часа, по што вкупниот број на жртвите изнесува 35. Заразени се вкупно 1.372 лица.

– Бројот на потврдени случаи на заразени со корона вирус во Германија се зголеми за 1.394 и сега изнесува 5.627.

– Во Австрија доцна попладнево е соопштено дека има вкупно 860 потврдени случаи на инфекција со корона вирусот.

Подгорица – Сите воспитно-образовни установи во Црна Гора од утре ќе бидат затворени на најмалку 15 дена поради ширењето на корона вирусот во светот, иако во таа држава официјално не е потврден ниту еден случај на зараза со Ковид-19.

– Во Србија се регистрирани два нови случаја на заболени од корона вирус, со што бројот на заразени се зголеми на 48.

– На територијата на Косово бројот на заразени со корона вирусот се зголеми за нови четири случаи и сега има вкупно девет.