Во Италија, во последните 24 часа се регистрирани 2.548 нови случаи на коронавирус, што е првпат од крајот на април дневниот број на новоинфицирани да надмине 2.000, објави Министерството за здравство.
Уште 24 пациенти починаа од последниот пресек, што е нешто повеќе од претходниот ден кога имаше 19, но далеку помалку отколку во екот на епидемијата во март и април.
Во Италија, која беше најзагрозената европска земја на почетокот на пандемијата, вкупно се заразени 317.409 лица, од кои 35.918 починаа.