Италијанските здравствени власти во петокот открија дека бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирус скокнал за 446 во изминатите 24 часа, што претставува најголем дневен скок од 2 мај.
Бројот на починати лица како последица од корона вирусот во земјата сега изнесува 40.638.
Во меѓувреме, земјата регистрираше уште еден рекорден висок степен на инфицирани со ковид-19 на дневна основа, бидејќи вкупниот број на случаи се зголеми за 37.809 од вчерашното ажурирање и достигна 862.681 лице.
Официјалните податоци исто така покажаа дека вкупно 322.925 италијански жители успешно се опоравиле од вирусот од почетокот на епидемијата.