Новороденче старо само шест недели починало од корона вирус во американската сојузна држава Конектикат.
– Тестирањето потврди дека новороденчето е позитивно на Ковид-19. Ова навистина е жално. Мислиме дека ова е најмладата жртва која починала од компликации поради корона вирусот во целиот свет – рекол гувернерот Нед Ламонт, пренесува „Раша тудеј“.
Гувернерот потврдил 429 нови случаи на корона вирус во оваа сојузна држава, меѓу кои има и 16 смртни случаи.