Две лица загинале во северниот дел на Алабама, а едно во Луизијана кога неколку торнада го погодија југоистокот на Соединетите Американски Држави, уривајќи покриви, дрвја и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија.
Најголемото невреме и штета биле регистрирани во делови од Луизијана, Мисисипи, Алабама и Тексас.
Најмалку 28.300 луѓе останаа без струја во Мисисипи, Луизијана и Алабама.
– Специјални тимови ќе бидат испратени да за да ја проценат штетата – изјави Рич Томпсон, главен метеоролог во Националниот метеоролошки центар за предвидување невреме.
Во текот на денот се очекуваат дополнителни удари од ветер и дожд, додека бурата се движи југоисточно кон Џорџија, Флорида и бреговите на Северна и Јужна Каролина.