Во самоубиствен напад во либискиот главен град Триполи, загинаа три лица, објавија официјални претставници на безбедносните сили.
Покрај првиот напаѓач, уште еден бомбаш-самоубиец се обидел да се разнесе со експлозив, но бил убиен пред да успее во својата намера, објави агенцијата АП.
Властите соопштија дека најмалку седум лица се повредени.
Засега никој не презел одговорност за нападот, а агенцијата АП забележува дека нападот има многу сличности со оние кои ги вршат припадниците на Исламска држава.