Свет

Најмалку четворица загинати во оружен напад во Канада

Најмалку четворица загинати во оружен напад во Канада

Најмалку четири луѓе загинаа во пукотница во Фредериктон, во канадската провинција Њу Брунсвик, соопшти полицијата.

Како што јави германската новинска агенција ДПА, граѓаните се предупредени да не ги напуштаат своите домови.

Во реонот каде се случи инцидентот покрај приватни домови има и неколку деловни објекти.