Свет 24. мај 2018. / 10:57

Најмалку четворица загинати при самоубиствен напад

Најмалку четворица загинати при самоубиствен напад

Најмалку четири лица загинаа, а 15 други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад во Багдад, соопшти ирачката Армија.

Нападот бил извршен во претежно шиитската населба Шула во североисточниот дел на Багдад.

Според Армијата, бомбашот самоубиец го активирал експлозивот што го носел околу појасот, откако бил опколен од припадници на безбедносните сили.

Досега никој не презеде одговорност за нападот, но според медиумите, начинот на кој тој е изведен наликува на слични акти што досега ги извршуваа припадници на сунитската џихадистичка група Исламска држава (ИД).