Свет 12. ноември 2020. / 19:36

Најмалку 74 мигранти се удавија покрај либискиот брег

Најмалку 74 мигранти се удавија покрај либискиот брег

Најмалку 74 лица загинале во бродска несреќа што се случила покрај либискиот брег, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Членовите на ИОМ пријавија ужасен бродолом во кој денеска загинаа 74 лица во близина на Хума на либискиот брег, соопшти ООН, објаснувајќи дека 47 преживеани биле изнесени на брегот од страна на либиската крајбрежна стража и рибарите.

Досега е извадено 31 тело, а потрагата по другите жртви продолжува, додаде ИОМ.

Во последните два дена, 19 лица, од кои две деца, се удавија откако два брода се превртеле, додаде ИОМ, истакнувајќи дека бродот на невладината организација Open Arms, единствениот што моментално се наоѓа во централниот дел на Медитеранот, спасил 200 лица во три операции. .

Од почетокот на годината, најмалку 900 луѓе се удавиле во Средоземното море обидувајќи се да стигнат до европските брегови.