Свет 15. февруари 2019. / 22:53

Најмалку 60 илегални рудари загинаа во рудник за злато

Најмалку 60 илегални рудари загинаа во рудник за злато

Најмалку 60 илегални рудари се загинати во поплавениот рурник за злато , потврдија властите од Зимбабве. Рударските ровови биле поплавени од браната , што попуштила во непосредна близина.

Во тек е акцијата за испумпување на водата во обид да се најдат преживеани во рудниците.

Министерот за внатрешни работи , Мојо , го повика населението на финансиска помош за испумпување на водата , за храна за екипите на терен и за семејствата на рударите , како и превоз и погреб, што би чинело 177 000 евра.

Во Зимбабве владее незапаметена економска криза , иако земјата е богата со злато , дијаманти, јаглен и бакар.