Свет 04. мај 2019. / 14:46

Најмалку 50 ракети истрелани кон Израел од Појасот Газа

Најмалку 50 ракети истрелани кон Израел од Појасот Газа

Најмалку 50 ракети беа истрелани кон Израел од Појасот Газа денеска изутрина.

Ова беше објавено од страна на израелската армија, цитирана од АФП.

Голем дел од ракетите биле пресретнати од системот за одбрана „Железна купола“.

Како одговор на нападот, израелската армија изврши два воздушни напади по цели во Газа.

Нема податоци за жртви и дали има нанесени штети и од двете страни на границата, соопштија агенциите.