Полицијата во Париз уапси најмалку 36 лица во протестот на „жолти елеци“, објави bfmtv. Од нив, 21 останале во притвор.
Илјадници луѓе, наводно, протестирале низ цела Франција, но податоците за бројот на учесници значително се разликувале според различни француски медиуми. Тие се движат од 12 до 60 илјади. Ова е 13-тиот протест на “жолтите елеци”. Се известува дека 8 полицајци биле полесно повредени во Сент Етјен.
Меѓу демонстрантите има и повредени , но не е познато колкав е нивниот број.
Претходно, беше објавено дека имало судири меѓу демонстрантите и полицијата во главниот град. Еден од учесницит при фрлање на експлозивна направа, нејасно е дали солзавец или шик бомба си откинал 4 прсти на раката.
Активистите на „жолтите елеци“, кои од ноември извадија стотици илјади луѓе на улица, сега се обидуваат политички да се организираат, но во движењето нема единство и немаат лидер.
Според официјални податоци, од почетокот на протестите на 17 ноември до сега повредени се 2.000 лица.
Во исто време, 10 лица загинале во сообраќајни несреќи поврзани со активностите на „жолтите елеци“.