Свет 22. јули 2018. / 22:31

Најмалку 30 лица починаа од горештините во Јапонија

Најмалку 30 лица починаа од топлотниот удар кој ја погоди Јапонија во текот на викендот, живата на термометарот се искачуваше и над 38 степени Целзиусови.

Метеоролошката служба утрово  издаде предупредување за висока температура во повеќето области во земјата.

Поголемиот дел од починатите се постари лица, а меѓу нив има и две брачни двојки во седумдесеттите години.

Речиси 10 илјади граѓани беа хоспитализирани во првите две недели од јули.