Најмалку 26 војници загинаа во напад на припадници на „Исламска држава“ (ИД) врз позиција на владините сили во сириската пустина, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
– Најмалку 26 војници на режимот и сојузнички борци беа убиени при напад на ИД кој се случи рано утрово врз нивна позиција во Бадија, соопшти Центарот чие седиште е во Лондон.
Меѓу загинатите има и припадници на иранските милиции.
Бадија е голема пустинска област која се протега од централниот дел на Сирија до западната сириска граница со Ирак. Во неа се уште има мали делови кои се под контрола на џихадисти.