Најмалку 25 луѓе загинаа, а 30 се повредени во самоубиствен напад на преполн пазар за време на празник во северозападен Пакистан.
Експлозијата во округот Оракзаи ја предизвикал маж, кој со мотоцикл се удрил во голема маса луѓе и детонирал експлозив што го носел на себе. Инцидентпт се случил речиси во исто време со нападот врз кинескиот Конзулат во Карачи во кој загинаа двајца пакистански полицајци. Одговорност за нападот во Карачи презеде сепаратисткичкото движење Армија за ослободување на Белуџистан.
Сепак, локалните власти соопштија дека нападот врз Конзулатот изгледа не е поврзан со нападот на пазарот. Нападот на пазарот е извршен за време на празник кој се организира секој петок и на кој учетсвуваат претставници на разни религии.
До моментов никој нема преземено одговорност за нападот.