Свет 23. април 2018. / 13:21

Најмалку 20 сватови загинале од воздушните напади на Саудиска Арабија

Најмалку 20 сватови загинале од воздушните напади на Саудиска Арабија

Најмалку 20 светови во село на североистокот на Јемен загинале во воздушните удари на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, соопштиле денес локалните медицински претставници.

Според наводите од локалната болница, 46 луѓе биле ранети, додека некои очевидци рекле дека повеќе од 30 луѓе биле убиени во тие удари, а меѓу нив има и деца. Некои извори наведуваат дека загинале дури 40 сватови.

Портпаролот на коалицијата на чело со Саудиска Арабија, рекла за британската агенција дека примиле извештај кој “сериозно” го разгледуваат и дека ќе биде спроведена целосна истрага.

Саудиска Арабија три години е во војна со бунтовниците Хути, кои контролираат значаен дел од северен Јемен.

Поради непрецизноста во изведувањето на воздушни удари, неколку стотини цивили биле убиени во болниците, училиштата, пазарите и на други места.

Телевизијата “El-Masirah”, блиска до Хутите, соопштила дека во воздушните удари на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, биле убиени 33 и ранети 55 луѓе.