Повеќе од 20 полицајци загинаа во две провинции во Авганистан, јужно од главниот град Кабул, соопштуваат локалните власти.
Најмалку 14 од нив, вклучувајќи и двајца локални полицајци, беа убиени во долината Киагх во провинцијата газни откако Талибанците нападнаа неколку контролни пункта. Нападот предизвика пожар, чие гасење траело повеќе од два часа.
Од соседната провинција Логар, стигнаа контроверзни извештаи дека биле убиени најмалку четири полицајци во регионот Азра.