Најмалку 14 луѓе загинале во лизгање на земјиштето по поројните дождови во западниот дел на Камерун, соопштија локалните власти.
Се проценува дека 40 други се заробени под земјата и во тек се спасувачки операции по синоќешната катастрофа во градот Бафусам, изјави за ДПА гувернерот на регионот Ава Фонка Августин.
Тој рече дека засега може да се потврди дека 14 се мртви, а 40 се сметаат за исчезнати, дополнувајќи дека смртниот биланс најверојатно ќе биде поголем.