Најмалку 12 лица загинаа во силниот циклон „Фани“ на истокот од Индија. Ова е најсилната бура која ја погодила Индија во последните пет години.
Циклонот ги зафати североисточните делови од Бангладеш, каде загина едно дете, но 30 лица се повредени.
Индиските медиуми пишуваат дека загинати се 12 лица, а 1,2 милиони луѓе се евакуирани 24 часа пред циклонот.
Ветерот дувал со 200 km/h и ги срушил и електричните столбови, а дрвјата ги корнело од земјата.