Најмалку 12 лица се убиени, а седум се ранети во напад на канцеларијата на Изборната комисија во Либија.
Канцеларијата била нападната од страна на екстремистичка група, меѓу кои имало и бомбаш самоубиец.
Бомбашот се разнел во зградата во центарот во Триполи, а другите екстремисти се запалиле, изјави за „АП“ портпаролката на Министерството за здравство, Ведад Абу Ниран.
Никој не презеде одговорност за нададот, но новинската агенција „АП“ наведува дека е можно да се работи за обид со цел да се оневозможи одржувањето на изборите закажани за годинава.
Амбасадите од странските земји, набљудувачите и разни институции го осудија нападот како обид за уривање на стабилноста во Либија спроти изборите.
Портпаролот на Изборната комисија, Калед Омар, претходно потврди дека загинале тројце членови на Комисијата и четворица припадници на обезбедувањето.
Изборната комисија ги регистрира гласачите за новите избори, за кои ОН се надева дека ќе бидат одржани до крајот на оваа година.