Турски авиони „неутрализираа“ 10 борци на Курдска работничка партија (ПКК) во северен Ирак, во рамките на антитерористичките операции, се наведува во соопштението на Генералштбот на турската армија.
Во соопштението се наведува дека авиони на военото воздухопловство вчера елиминирале цели на ПКК во реонот на Авашин-Басјан.
Турција редовно извршува воздушни напади врз позиции на ПКК во северен Ирак.
Турските власти често го употребуваат терминот „неутализира“ за убиени или уапсени припадници на ПКК.