Свет 28. април 2018. / 09:45

Најмалата сестра на Ким Џон Ун е главна ѕвезда на мировниот самит

Најмалата сестра на Ким Џон Ун е главна ѕвезда на мировниот самит

Ким Јо Џонг, најмалата сестра на Ким Џон Ун, е главната ѕвезда на мировниот самит кој го одржуваат Северна и Јужна Кореја, кои по 73 години конечно прогласија дека војната е завршена и дадоа ветување дека ќе следи денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Ким Јо е всушност десна рака на владетелот на Северна Кореја, а имаше и најзначајна улога за време на Зимските олимписки игри кои се одржаа во Пјонгченг кај нивниот јужен сосед. Тогаш Ким Јо го предаде писмото упатено од нејзиниот брат до властите во Јужна Кореја со што започна процесот на дипломатски разговори и надеж дека ќе биде избегната нуклеарна катастрофа.

Младата севернокорејска политичка ѕвезда има околу 30 години, едуцирана е на елитни факултети во Европа, а исто така е задолжена и за комуникациите на режимот во Пјонгјанг.

Таа исто така има голем удел во организирање на историскиот самит кој го воодушеви целиот свет, а беше поздравен и од Обединетите нации како значаен чекор во конечното помирување меѓу двете раздвоени земји.