Свет 27. март 2020. / 18:41

Најлош ден во Италија: За 24 часа од коронавирус починале 919 лица

Најлош ден во Италија: За 24 часа од коронавирус починале 919 лица

Бројот на заразени и починати лица продолжува и натаму да се зголемува во Италија. Имено, според официјалните податоци во последните 24 часа во Италија од новиот коронавирус животот го загубиле вкупно 919 лица, а бројот на новозаразени изнесува вкупно 5.959 лица.

Во меѓувреме бројот на оние кој што оздравеле изнесува 589 лица.