Свет 02. март 2020. / 10:20

Најк ја затвори европската централа поради случај на коронавирус

Најк ја затвори европската централа поради случај на коронавирус

Европската централа  на Најк во Холандија ќе се затвори  денеска (понеделник)  и вторник, откако беше утврдено дека вработен е заразен со коронавирус.

Холандската новинска агенција АНП, цитирајќи внатрешна е-пошта, објави дека канцеларијата е затворена за да биде  дезинфицирана. Работникот останува во карантин 14 дена.

„Местото е заклучено“, изјави чувар за безбедност на Ројтерс.

Околу 2.000 вработени во Најк од 80 земји работат во фабриката.

Од 28 февруари, холандските здравствени власти објавија 10 случаи на коронавирус во земјата, додаде Ројтерс.