Свет 14. август 2018. / 12:40

Најголемите пожари во историјата на Калифорнија, загинаа шест пожарникари

Најголемите пожари во историјата на Калифорнија, загинаа шест пожарникари

Во Калифорнија веќе неколку недели трае борбата против најголемите пожари во историјата на земјата во кои животот го загубија шест пожарникари.

Министерот за внатрешни работи Рајан Зинке, одговорен пред се за националните паркови и индијанските работи и министерот за земјоделство Сони Пердју се во дводневна посета во близина на жариштето Кар, западно од градот Рединг, во северниот дел на Калифорнија.

Тоа жариште, еден од 12-те пожари кои во моментов ја пустошат Калифорнија, претвори во пепел повеќе од 82.000 хектари и уништи повеќе од 1.000 куќи од почетокот на пожарот на 23 јули. Се проценува дека во понеделникот наутро по локално време пожарот е совладан на ниво од 61 отсто, но десетици илјади луѓе мораше да бидат евакуирани.

„Пожарот Кар го уништи нашето јавно земјиште и време е на правилен начин да се управува со нашите шуми”, напиша Зинке на својот твит и предизвика гнев на екологистите со своите коментари за климатските промени. „Слушнав аргументи за климатските промени надолго и нашироко. Тоа нема никаква врска со климатските промени. Тоа е активно управување на шумата”, рече тој.