Најголемиот саем за мобилна технологија во светот, „Мобајл ворлд конгрес“ (Mobile World Congress) е откажан поради корона вирусот.
Извршниот директор на организацијата, Џон Хофман, соопшти дека ширењето на епидемијата го оневозможува одржувањето на настанот, што беше планиран од 24 до 27 февруари во Барселона.
– Земајќи го предвид безбедното и здраво опкружување во Барселона и земјата домаќин, ГСМА го откажа Саемот Барселона 2020 затоа што глобалната загриженост за појавата на коронавирусот, патувањата и други околности оневозможува одржување на настанот. Нашите мисли се со оние кои се погодени од вирусот во Кина и ширум светот – соопшти Хофман.